Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Славниот холивудски актер Џони Деп излезе како победник во судскиот спор со неговата бивша сопруга Амбер Херд кој ја тужеше за клевета.
Деп изјави дека поротата му го вратила животот откако беше изречена пресуда во негова корист. По два дена размислувања, поротата утврдила дека изјавите на Херд за нивниот брак биле лажни и дека постапувала со злоба.
„Поротата ми го врати животот назад. Вистината никогаш не умира. Се надевам дека мојата потрага по вистината ќе им помогне на други, и мажи и жени, кои се најдоа во слична ситуација“, кажа Деп.
Поротата му додели на Деп отштета од 15 милиони долари, со тоа што судијата го намали казнениот дел од отштетата на 350.000 долари, со што вкупно треба да добие 10,4 милиони. Тој не присуствуваше на изрекувањето на пресудата зашто беше во Велика Британија, каде што одржа три изненадувачки концерти со легендарниот гитарист Џеф Бек.
View this post on Instagram
Амбер Херд ќе добие 2 милиони долари отштета за компензација за нејзината контратужба, што е многу помалку од 100-те милиони што таа ги бараше, а Деп, пак, иако првично бараше 50 милиони, сега ќе добие само 8 милиони.
На Амбер ѝ е изречена казна од 10 милиони долари, а со оглед на тоа што таа од Џони ќе добие 2 милиони, сумата што треба да ја плати се заокружува на вкупно 8 милиони. Дополнително, Амбер треба да плати казна на државата во износ од 350.000 долари.
Деп ја тужеше Херд поради нејзината колумна во „Вашингтон пост“ од декември 2018, во која таа се опиша себеси како „јавна личност која искусила семејно насилство“, без да наведе имиња. И покрај тоа, Деп тврдеше дека колумната му ја упропастила кариерата и непоправливо му го нарушила угледот, за што поднесе тужба во 2019.
View this post on Instagram
На шестнеделното судење во Вирџинија двете страни изнесуваа пикантерии од приватниот живот и меѓусебно се обвинуваа за злоставување, што, според експертите, би можело да им се одрази врз кариерите. Анкетите покажаа дека Американците беа повеќе заинтересирани за оваа судска драма отколку за војната во Украина, а снимките од судењето имаа милијарди прегледи на социјалните мрежи.
Судската сапуница секако ќе продолжи, бидејќи адвокатите на Херд најавија жалба.