Џони Ајв почнува сопствен бизнис – Apple тоа го чини најмалку 9 милијарди долари


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Напуштањето на главниот дизајнер во Apple, Џони Ајв, со цел да основа сопствен бизнис, технолошкиот гигант ќе го чини загуба од најмалку 9 милијарди долари.

Вредноста на загубата е позната од четвртокот, откако Ајв, еден од клучните луѓе во Apple, најави дека заминува. Веднаш на берзата паднаа акциите на Apple, со што компанијата загуби најмалку 9 милијарди долари. Акциите паднаа за повеќе од еден процен , откако главниот дизајнер на Apple најави дека заминува за да основа сопствен бизнис.

„По речиси триесет години и безброј проекти, најмногу сум горд на трајната трага што ја оставивме зад себе , создавајќи дизајнерски тим на Apple, процес и култура кој нема конкуренција.” , изјави Ајв.

Тој стана шеф на дизајнерското студио на компанијата во 1996, кога Apple беше во лоша финансиска состојба и делеше откази.

Но, со неговиот дизајн на iMac во 1998, потоа на iPod во 2001 и во 2007 со iPhone, состојбата тргна на многу подобро.

Меѓу последните проекти на Ајв е довршувањето на новото седиште на Apple, ултра модерниот комплекс Apple Park.

Ајв реши да формира сопствена компанија LoveFrom со седиште во Калифорнија, а според мнедиумите ќе се фокусира на нови мобилни уреди.