Џон Траволта го вдоми слаткото кученце од оскаровската церемонија


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


68-годишниот актер Џон Траволта и неговиот 11-годишен син Бен го посвоија Mac & Cheese, преслатко кученце кое се појави на Оскарите.

Кутрето го претстави Џејми Ли Кертис додека и оддаде почит на покојната Бети Вајт.

„Таа не беше само златна девојка. Таа беше легенда која ја разубавуваше секоја соба во која влегуваше и измамуваше насмевка на лицата на сите што ја гледаа на екранот. А, покрај тоа, таа беше жена која се грижеше за вакви животни. Најголемиот подарок што можете да ѝ го дадете на Бети Вајт е да го отворите своето срце и да посвоите куче како Мек и Чиз“, рече таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jamie Lee Curtis (@curtisleejamie)

Нејзините зборови очигледно влијаеле на Траволта, кој решил да посвои кучето, за што Ли Кертис подоцна му се заблагодари на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by John Travolta (@johntravolta)

„Ова е совршена почит за Бети Вајт и сите оние кои ги спасуваат животните и им обезбедуваат засолниште од бурите на животот и обезбедуваат топол дом полн со љубов“, заклучила таа.