Џон Клиз е легенда: „Се ставам самиот себе на црна листа пред некој друг тоа да го направи“


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


„Се ставам самиот себе на црна листа пред некој друг тоа да го направи“ порача култниот комичар и актер Џон Клиз откако беше закажано да се појави да одржи говор на Универзитетот во Кембриџ.

Откако еден друг говорник на Кембриџ е откажан бидејќи му откриле дека некогаш го имитирал Хитлер, Клиз побрза самиот да се стави на ѕидот на срамот бидејќи и тој имал сличен скеч во Монти Пајтон.

„Се радував што овој петок требаше да зборувам пред студентите на Кембриџ, меѓутоа слушам дека некој таму бил забранет заради имитација на Хитлер.

Жалам што истото го направив и јас на Монти Пајтон, па самиот се ставам на црната листа пред некој друг да го направи тоа.

Им се извинувам на сите од Кембриџ што се надеваа дека ќе разговараат со мене, но се надевам дека ќе можете да најдете место на кое правилата на разбудените не важат,“ пишува Клиз на Твитер.

Спорниот говорник беше историчарот по уметност Ендру Грем-Диксон, кој првично беше поканет да зборува во Кембриџ, за потоа да биде повлечена поканата. На Грем-Диксон му забележуваат за еден говор во кој го има пародирано Хитлер, како критика на неговиот расизам и анти-семитизам.