Џон Абизејд предложен од Трамп за амбасадор на САД во Саудиска Арабија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Претседателот Доналд Трамп го предложи бившиот командант на Централната команда на САД, Џон Абизејд, за американски амбасадор во Саудиска Арабија.

Местото е испразнето од јануари 2017 година.

Трамп го објави изборот за амбасадор во време кога односите меѓу САД и Саудиска Арабија се ставени на испит по убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги  во саудискиот конзулат во Истанбул.

Ако биде одобрен од Сенатот, Абизејд ќе го преземе амбасадорското место во Ријад во момент кога владата на Трамп размислува како да реагира за убиството на Кашоги, пишува „Вашингтон пост“.