Џоли во комшии кај Натали Портман: Ѕирнете во раскошната куќа од Анџелина


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


По разводот со Бред Пит, Анџелина Џоли веќе има нов дом. Една од најозборуваните холивудски глумици си купила куќа во Лос Анџелес, којашто му припаѓала на познатиот режисер Сесил ДеМил.

Нејзини соседи ќе бидат Натали Портман, Кристен Стјуарт и Кејси Афлек.

Куќата има површина од нешто повеќе од 1.000 квадратни метри и е лоцирана во Лафлин Парк, кварт во Градот на Ангелите познат по тоа што таму живеат многу од славните личности. Има широка дневна соба со камин, шест спални, 10 бањи и поглед кон Тихиот Океан.

ДеМил живеел тука од 1916 година, па се до смртта во 1959.

Цената на куќата изнесувала 24,95 милиони долари, а Џоли ја купила за приближна цена, соопштија од агенцијата „Хилтон енд Хајленд“.