Џоли послаба од било кога – стресниот развод си го зеде данокот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Ионака слабата актерка и режисерка сега е уште послаба – Анџелина Џоли очигледно тешко се носи со страсниот и турбулентен период во кој се разведе од својот сопруг, актерот Бред Пит.

Ова е страшен период за славната Џоли. Сета приказна околу разводот со наскоро и официјално бившиот партнер Бред Пит влијаеше на нејзината психичка и физичка состојба, па ионака слабата актерка сега е уште поослабена.

„Анџелина не се држи добро. Нејзините раце се коска и кожа, изгледа како чепкалка. Постојано губи на тежина“, вели извор за Radar Online.

HOLLYWOOD, CA - JANUARY 16:  Actress Angelina Jolie attends the premiere of DreamWorks Animation and Twentieth Century Fox's 'Kung Fu Panda 3' at TCL Chinese Theatre on January 16, 2016 in Hollywood, California.  (Photo by Alberto E. Rodriguez/Getty Images)
Џоли на премиерата на Кунг Фу Панда 3 ова лето

Њујоршки експерт посочува дека состојбата на Џоли е алармантна и дека ако вака продолжи, нејзиното здравје ќе биде во сериозна опасност.

Изворот близок на актерката чиј идентитет не се открива вели дека Џоли сега јаде уште помалку од претходно, откако поднесе барање за развод. Но, ниту на Бред не му е лесно. Славниот актер наводно изгубил 20 килограми откако почнала драмата со разводот и обвинувањата дека физички ги напаѓал своите деца. ФБИ на крајот ги отфрли таквите обвинувања бидејќи немаше докази за нив.

„Анџелина корне коси поради таквата одлука. Стравувам дека на крајот ќе заврши во болница на инфузија“, вели анонимниот извор.