Џоли и Пит конечно постигнаа договор за старателство на нивните деца


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Претставници на актерката Анџелина Џоли и на актерот Бред Пит соопштија дека поранешните партнери постигнале договор за старателство на нивните шест деца.

Според договорот адолесцентите остануваат под старателство на Џоли, додека Пит ќе има право на „терапевтски посети” на децата.

Двојката објави дека се разведува во септември поради ненадминливи разлики.

Актерите имаат три посвоени деца и три биолошки, на возраст меѓу 8 и 15 години.