Џолев повторно избран за претседател на Кривичниот суд


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Судијата Иван Џолев доби втор мандат на позицијата претседател на Кривичен суд. Тој беше единствен кандидат пријавен за оваа позиција.

Ова му е втор мандат на Џолев, кој повеќе од шест месеци беше и вршител на должност. Судскиот совет го избра откако на оценувањето од Комисијата ги има освоено максималните бодови.

Џолев првпат за претседател беше избран во 2017 година. Според членовите на Судскиот совет, тој има знаење и стручност за оваа функција, а избран е едногласно.

Освен во Скопје, на денешната седница треба да се изберат претседатели на основните судови и во Ресен и Виница. Исто така, треба да се бираат и судии за гостиварска Апелација, како и кривичните судови во Скопје и Штип.