Џолев негира постоење на реваншизам во прераспределбата на Панчевски


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Новоименуваниот претседател на кривичниот суд, Иван Џолев, во изјава за „Макфакс“ вели дека распоредувањето на експретседателот на судот, Владимир Панчевски, во одделот за прекршоци не е реваншизам.

Една од причините е Панчевски да се тргне од предметите на СЈО бидејќи во серија јавни настапи истапувал против обвинителството на Катица Јанева, а постапките на ова обвинителство се во тек.

Втората причина, како што вели Џолев, е дека дел од судиите што беа делегирани да судат во кривичниот суд во одделот за прекршоци од други судови си заминале во своите матични судови и останале повеќе од 3.000 прекршочни предмети по кои треба да се постапува и, според новиот претеседател на судот, постои опасност дека може да застарат.

„Одлуката апсолутно не е реваншизам. Едноставно, условите во судот се сменети. Недостигаат многу судии во одделот за прекршоци, но одлуката е и поради пристрасноста на Панчевски, која сметам дека е пречка доколку биде оставен во одделението каде што бил распореден“, вели Џолев. Сепак, одлуката не е правосилна. Судијата Панчевски има право на жалба во рок од 3 дена до Врховниот суд.