Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Адаптацијата на „Joker“ со Хоакин Феникс во главната улога, на премиерата на Филмскиот фестивал во Венеција, доби неверојатни осум минути долги овации од публиката, а дел од филмските критичари филмот веќе го прогласија за ремек-дело.
Првите реакции после премиерната проекција на „Joker“ во Венеција укажуваат на тоа дека овој психолошки трилер е на одличен пат да стане огромен хит, па дури и кандидат за Оскар.
Филмскиот критичар од британски Telegraph, Робин Колин, филмот го оцени со 4 од 5 ѕвездички, а филмскиот критичар од The Guardian му додели максимални 5 ѕвездички. Голем број други филмски критичари не штедеа епитети за ова филмско остварување со фамозниот Хоакин Феникс во улогата на Џокерот.
Joker review coming this evening once the premiere’s in. In the meantime: that was a *big* round of applause.
— Robbie Collin (@robbiereviews) August 31, 2019
Овој психолошки трилер од светот на DC го следи Артур Флек (Феникс), комичар кој на почетокот од ’80-те години во Готам Сити се грижи за својата мајка (Конрој) и живее во пропаднат стан. Депресивен и фрустриран од сопствената професионална и лична апатија, конечно се крши и станува озлогласен негативец каков што го знаеме од други филмови во кој се појавува овој лик.