Џоинтот од Маск ја турна вредноста на акциите од Tesla (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пад од седум насто доживеаја акциите на технолошко-автомобилскиот гигант Tesla откако првиот човек на компанијата, Илон Маск, во едно интервју јавно запали џоинт.

Маск разговараше со комичарот Џо Роган и во текот на интервјуто предупредуваше на опасноста од вештачката интелигенција, злокобно претскажувајќи опасност по човештвото од препаметните компјутери.

Во еден момент, тој и Роган запалија џоинти со измешана марихуана и тутун, што е легално во тој дел од САД. Маск рече дека ретко пуши марихуана и речиси и да не забележува ефект од неа, но е лоша за неговата продуктивност.

Основачот на Тесла веќе подолго време е под лупа на јавноста поради необичните изјави и јавни настапи со кои предизвика повеќе потреси во цената на акциите на неговата компанија.