Џо Бајден денес ќе биде инаугуриран како 46. американски претседател


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Денес, во САД, на Капитол Хил, Џо Бајден ќе биде официјално инаугуриран како 46. претседател на САД.

Две недели по упадот и безредијата во Капитол, голема е загриженоста од ново насилство. Тоа и пандемијата на корона се причина оваа инаугурација да тече сосема поинаку од вообичаено. Таа ќе се одвива под драконски мерки за безбедност и нема да има големи групи гледачи. Освен тоа, на церемонијата нема да присуствува ниту претседателот на заминување Доналд Трамп. Тој неколку часови пред почетокот на церемонијата со претседателскиот авион заминува на својот имот во Флорида.

Пред инаугурацијата на новиот претседател Џо Бајден, 12 припадници на Националната гарда беа отстранети од должност откако беше утврдено дека се поврзани со десни екстремистички групи или дека објавиле екстремистички ставови на интернет, јавија американски медиуми повикувајќи се на двајца неименувани функционери.

Тие додале дека не постоела директна закана за Бајден.

Неименуваните службеници, припадници на разузнавачката служба и војската запознати со ситуацијата, не прецизираат за кои екстремистички групи станува збор или во која единица служеле припадниците на Националната гарда.

ФБИ пред инаугурацијата на Бајден спроведе безбедносна проверка на 25.000 припадници на Националната гарда испратени во Вашингтон за да го обезбедат настанот, во услови на загриженост за потенцијален напад од „инсајдери“.