Џиновска евро монета поставена во центарот на Скопје – еве за што се работи


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Како знак на поддршка на приближувањето на Република Македонија кон Европската унија, група на урбани уметници од Скопје поставија џиновска монета од едно евро во центарот на градот, во рамки на граѓанската акција „Зачекори напред, изборот е твој“.

„Се надеваме дека набргу ќе дојде денот кога шарпланинецот, рисот, охридската пастрмка и другите наши симболи ќе заблескаат на монетите на еврото“, велат од групата урбани уметнички акции, појаснувајќи дека секоја земја членка на ЕУ по прифаќањето на eврото како валутa има право на монетите да ги аплицира своите симболи.

Оттаму сметаат дека со оваа акција на граѓаните пластично ќе им се прикаже што значи идното членство во ЕУ и барем за момнет ќе се прошара сувопарниот предреферендумски пејзаж во Македонија.