„Џинот и дрогата“ од Виз Калифа (видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Американскиот рапер Виз Калифа објави спот за песната „Gin & Drugs“, која е поместена на албумот Rolling Papers 2 објавен минатата недела.

Виз Калифа на оваа песна работеше во соработка со американскиот рапер Џејсон Мартин, познат под уметничкото име Problem.

Калифа на 13 јули го објави својот нов споменат албум. Станува збор за диск на кој работеше неколку години. Во едно интервју тој изјави дека пред финализирањето на песните, поминал низ четири различни верзии на албумот.

„Повеќето песни на албумот Rolling Papers 2 се инспирирани од мојот живот, посебно од последните четири години“, додаде раперот.