Home Вебкафе Џин меѓу цвеќињата: Во Индонезија откриен најголемиот цвет на светот

Џин меѓу цвеќињата: Во Индонезија откриен најголемиот цвет на светот

Центарот за природни ресурси и заштита од западна Суматра објавија дека нивните научници пронајдоа примерок од Rafflesia Arnoldi кој е еден од најголемите цветови со обем од 107 центиметри. На иста локација најголемиот цвет rafflesia е пронајден и во 2017 година.

Овој вид расте на островите Суматра и Борнео, а тие се познати по тоа што го имаат еден од најголемите цветови во светот.

Оваа билка е паразит без корени и лисја и може да преживее само со помош на билката тетрастигма. Поради тоа што испушта непријатен мирис го нарекуваат „цвет-труп“.

Одвратниот мирис кој го испушта ги привлекува инсектите кои го опрашуваат.

Rafflesia arnoldi цвета само еднаш годишно, помеѓу август и октомври, а овенува по само две недели.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ќе бидам среќна кога… – Како да престанеме да ја одложуваме среќата во животот

Како да се ослободиме од оваа замка и навистина да почнеме да живееме – сега? Колку пати с…