Џими Хендрикс „ја кине“ гитарата, а Џим Морисон пее запиено


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Двете култни рок икони, Џими Хендрикс и Џим Морисон, во зенитот на нивната слава, освен по нивната револуционерна музика, и двајцата беа „познати“ и по опасните експериментирања и конзумирање наркотични средства, опијати и алкохол (Морисон).

Хендрикс и Морисон можеби би можеле своевремено да бидат опасен музички тандем, гледано од творечка страна. Но, Морисон како егоманијак, задлабочен во себеси и копајќи низ неговите мрачни фантазии за материјалното, од една страна, и Хендрикс, интровертен, посветен кон достигнување на космички димензии со неговата експанзивна имагинација, од аспект на меѓучовечки односи, веројатно тешко би се издржале доволно колку што треба за да бидат креативно компатибилни на долг рок.

Еве една жива „џем“ сеанса од 7 март, 1968, со Хендрикс на гитара, Морисон на микрофон, Џони Винтер (или можеби Рик Деринџер) на гитара, Ренди Хобс на бас, Бади Мајлс на тапани.