Џиџи во елемент со импресивен рефлекс: Мајсторот против мајсторот – еден на еден


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Пауло Дибала во првото полувреме од првиот четвртфинален дуел ја фрли Барселона на колена и во нокдаун. После првото полувреме, Јувентус имаше сериозна предност од 2:0 (во случајов огромна), благодарение на неговите два одлични гола.

А Буфон, од друга страна, уште еднаш покажа дека сета сила и моќ од Јувентус почива врз темелите кои ги прави тој и ги носи на свој грб. Кога го имате Буфон на голот, полесно е и пред противничката мрежа.

Во 21-та минута Џиџи со феноменална интервенција и импресивен рефлекс спречи изедначување бранејќи го ударот на Иниеста од непосредна близина пред голот, соочени еден на еден. Брзо после тоа стигна и вториот погодок на Дибала.