Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сестрите Џиџи и Бела Хадид денес го владеат светот на модата и царуваат на модните писти и на страниците од модните списанија, уживајќи ја славата која ја имаат. Но, пред да станат најпознати манекенки на светот Џиџи и Бела Хадид, ретко кој знае дека биле под режим на нивната строга мајка Јоланда.
Таа во ријалити серија, чии извадоци се емитуваат, ги принудува да гладуваат манекенките, кои тогаш биле тинејџерки , а на Џиџи и забранува да игра одбојка за да не добие непотребни мускули. Јоланда и самата била славна манекенка пред да се реши да му се посвети на семејството, а кон ќерките од секогаш била брутално искрена во опишувањето на модниот свет.
Џиџи Хадид со нетрпение чекала да дојде нејзиниот роденден, зашто само тогаш бил ден без диета и со сестрата Бела можеле да јадат од роденденската торта.
„Може една вечер да ја измамите диетата, но потоа мораш да се вратиш на ниормнална исхрана. Знаете, Париз и Милано сакаат слаби девојки”, им вели Јоланда на своите ќерки.
Видеото со лекциите на строгата мајка кон ќерките е прегледано над три и пол милиони парти. Голем број се со критики кон мајката , која поради својата амбиција , ги измачува ќерките.
Џиџи и Бела сега се меѓу топ десетте манекенки, а и нивниот 19-годишен брат Анвар исто така е во модната индустрија.