Џиџи Хадид е ѕвездата на новиот календар на Pirelli за 2019 година


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Американската манекенка Џиџи Хадид е главна ѕвезда на култниот календар од компанијата Pirelli за следната 2019 година.

Фотографиите во Њујорк и Мајами, во април оваа година, ги направи шкотскиот фотограф Алберт Вотсон. Календарот ќе ја раскаже приказната за четири филма, а освен Џиџи, страниците од фамозниот календар ќе ги красат и Мисти Копленд, Летиција Каста и Џулрија Гарнер.

Ѕвезди на календарот од Pirelli се и балетаните Калвин Ројал III и Сергеј Полунин, модниот дизајнер Александар Ванг и Астрид Ејка.

Календарот за 2019 година официјално ќе биде објавен на почетокот од декември оваа година. Првото издание на култниот календар излезе во 1964 година.