Home Шоубизнис Џибони за ќеф и забава на тенисерите во Задар

Џибони за ќеф и забава на тенисерите во Задар

Светскиот тенисерски ас Новак Ѓоковиќ во друштво на младата тенисерка Олга Даниловиќ и првиот тениски рекет на Хрватска Дона Векиќ одлично се забавуваа на концертот на Џибони во Задар пред стартот на вториот турнир од Адриа тур.

Пред официјалниот почеток на Адриа турот во Задар лидерот во светскиот тенис одигра микс дубл меч и на тој начин го отвори тенискиот турнир во Задар на кој ќе настапат и најдобрите хрватски тенисери Марин Чилиќ и Борна Чориќ и светските ѕвезди Александар Зверев и Григор Димитров.

Турнирот во Задар во организација на федерацијата на Хрватска и семејството Ѓоковиќ започна во петокот вечерта со концерт на хрватската музичка ѕвезда Џибони.

На концертот во друштво на тенисерките Даниловиќ и Векиќ и братот Џоле запеа и најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ , хитот „У љубав вере немам“.

Пред концертот на Џибони свое шоу на бината имаше и сексапилната пијанистка Лола Астанова.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole) on

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …