Џесика Симпсон ослабе 59 килограми после породувањето – нејзиниот тренер открива како


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Славната актерка Џесика Симсон на социјалните мрежи се пофали со нејзината одлична телесна фигура, откао после породувањето симнала неверојатни 59 вишок килограми. А нејзиниот приватен тренер Харли Пастернак сега го открива „рецептот“ за таквиот подвиг.

„Прво никогаш не работам со ваги. Поентата е да се присвојат здравите навики и да се придржуваш до нив, Секоја вечер, пред легнување, Џесика ми праќа меил со кој ми дава до знаење дека ги исполнила сите цели кои сме ги зацртале за тој ден. Па така таа заспива со чувство на задоволство и успех. Таа успеа да го оствари најважното, а тоа е правилната исхрана, вели Харли Пастернак за магазинот „People”.

Имено, Џесика своето трето дете, ќерката Бирди Мае, ја родила пред шест месеци.

„Прва цел беше да направи шест илјади чекори во ден, а тоа и го овозможува дружењето со децата. Со текот на времето таа почна да прави и по 12 илјади чекори во ден“ – објаснува тренерот и додава дека Џесика не претерувала со тератана.

Поточна одела само три пати неделно.

„И помогнав да се врати во форма по породувањето, но овој пат беше малку потешко затоа што таа имаше 108 килограми. Тоа е доказ дека со текот на годините сè станува потешко и попредизвикувачки“, вели Пастернак.

Но, голема улога во трансформацијата на Џесика играла и исхраната која е базирана на протеини, влакна и здрави масти.

„Таа повремено уживаше во некои нездрави продукти. На пример кога се во прашање роденденски прослави“, додава тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jessica Simpson (@jessicasimpson) on