Џереми Олер: Сите светски валути ќе добијат свои криптовалутни верзии


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Според предвидувањата и прогнозите кои ги дава извршниот директор на „Circle“, Џереми Олер, сите светски валути, од американскиот долар до кинескиот јуан, во догледна иднина ќе добијат свои дигитални верзии во форма на криптовалута.

„Нашата визија е дека сите валути ќе се претворат во криптовалути. Оваа фаза се чини неизбежна“, вели Олер кој е ко-основач на компанијата, која започнала со својата активност во 2013-та година.

„Circle“ нуди апликација базирана на „блокчејн“ технологијата која овозможува да се испраќаат пари без провизија.

Компанијата има и производ за инвестирање во криптовалути, како биткоин и етериум, како и платформа за тргување со виртуелни валути за институционални инвеститори.

Компанијата се проценува на 3 милијарди долари, и е поддржана од американската инвестициска банка „Goldman Sachs“ и кинескиот технолошки гигант „Baidu“. Претходно оваа година „Circle“ го оствари и првото стекнување, купувајќи ја берзата за криптовалути – „Poloniex“.

Неодамна компанијата објави дека сака да создаде нова виртуелна валута, поддржана од американскиот долар – „USD Coin“. Идејата е да се забрзаат трансакциите во американски долари користејќи ја „блокчејн“ технологијата.

Тоа би довело до намалување на нестабилноста на криптопазарот и преминување на пораст на трансакционите такси.

Ова не е првата идеја за валута која има стабилизирачки ефект на пазарот преку готовински „грб“. Најпопуларната ваква иницијатива е криптовалутата „tether“ – виртуелна валута околу која има многу возбуда, бидејќи голем број критичари веруваат дека нејзиното создавање било само за поддршка на цената на биткоинот во минатата година.

Според Олер, криптовалутата поддржана од доларот ќе биде изградена на платформа наречена „CENTRE“, за која „Circle“ се надева дека ќе ги обедини другите компании и финансиски институции.

Целта на „USD Coin“ е да се донесат комерцијални финансиски процеси во светот на криптовалутите и „блокчејн“ технологијата, вели Олер.

Според него, изградбата на виртуелни валути поддржани од нивните вистнински валути ќе биде камен-темелник во создавањето глобална дигитална економија.

„Circle“ планира да создаде слични виртуелни валути во иднина, но врз основа на еврото и британската фунта.