Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Холивудската актерка Џенифер Лоренс неодамна ја посети Виена, каде го снима својот најнов филм, трилерот „Red Sparrow“.
По бурните снимања, американската ѕвезда одлучи да го посети популарниот градски клуб и таму да се релаксира со музика и танц. Очигледно е дека вечерта премногу испила алкохол и папараците ја фатија во непримерена состојба.
Видео снимката на која таа танцува околу „шипка„ и се тетерави на сцената, додека наводно наместо блуза носела само градник, ја видоа сите.
Заморена од медиското внимание и коментарите кои беа поставени по поминатата бурна ноќ, Џенифер одлучи да објасни што навистина се случило таа ноќ.
„Тоа беше роденден на мојата најдобра пријателка и јас навистина немам намера да се извинам. Си поминав убаво и да бидам искрена, играв многу добро“, изјави Лоренс.