Џенифер Лопез сподели фотографија во костим за капење и собра над милион лајкови


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Џенифер Лопез се огласи на „Инстаграм“ во средата за да ги израдува своите 248 милиони следачи во секси костим за капење.

Суперѕвездата (53) претходниот ден присуствуваше на големата забава во елитниот „Хемтонс“, организирана од милијардерот Мајкл Рубин по повод Денот на независноста.

Латино-дивата позира покрај базен во едноделен костим во боја на лосос, а во истата објава покажа како ужива во разладениот пијалак и традиционалниот огномет.

„Се надевам дека сите имаа одличен празничен викенд исполнет со љубов, семејство, пријатели и забава“, напиша таа.

Објавата ја лајкнале 1.187.846 луѓе за само 12 часа, а фановите во коментарите го фалат нејзиниот изглед.

„Изгледаш нестварно“, „Преубава“ и „Треба да е злосторство да изгледаш вака добро“, се само дел од коментарите на фановите.