Џенифер Анистон за сцените со брадавиците: „Такви ми се градите и не се жалам“!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


На многу луѓе една од омилените серии им е „Пријатели“. Ги знаеме скоро сите епизоди на памет, а секако се сеќаваме како изгледаа и главните актери.

Џенифер Анистон е една од многуте која ни остави посебен впечаток, а тоа е поради брадавиците кои и се познава преку маицата. Може да се каже дека таа го започна движењето „слобода за брадавиците“.

Многу фанови имаат своја теорија зошто баш нејзе и се гледаат брадавиците, а една од нив е дека костимографите се виновни за тоа. Другите мислат дека Џенифер сама ги покажува затоа што ги има.

Најпосле се изјасни актерката на оваа тема. „Не знам што да кажам за тоа. Тоа е една од оние рабите за кои нема многу зборови. Носам градник и не знам зошто би требало да се срамам. Такви ми се градите и не се жалам“ изјави Џенифер.