„Џенерал моторс“ повлекува 3,4 милиони возила


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Џенерал моторс“ повлекува повеќе од 3,4 милиони пикап и СУВ-возила во САД поради проблеми со сопирачките.

Ќе бидат повлечени моделите „шевролет силверадо“ и ГМЦ Сиера 1500, 2500 и 3500 произведени од 2014 до 2018 година, како и „кадилак ескалад“ од 2015 до 2017 година, како и ГМЦ Јукон, „чеви субурбан“ и „тахое“ од 2015 до минатата година.

ГМ објасни дека пумпата во сопирачките може да произведе помалку вакуумска моќност отколку што е потребно, со што се зголемува растојанието за застанување и можноста од судир.

Повлекувањето дојде откако Националната управа за безбедност на сообраќајот на патиштата почна истрага минатиот ноември, пренесува „Макфакс“.