Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Некогашната порно кралица Џена Џејмисон на Инстагрампокажа како изгледала физички еден месец после породувањето и како изгледа сега, повеќе од една година од раѓањето на нејзината ќеркичка. Со тоа таа испрати важна порака до сите новопечени мајки.
View this post on Instagram
„На првата фотографија сум јас еден месец после породувањето. Ова е вистината и реалноста за тоа низ што поминуваат жените после породување. Уморни, заљубени… И се прашуваат која е таа личност што ги гледа од огледалото. Се сеќавам дека тогаш се фотографирав за да имам потсетник на моето прекрасно неверојатно тело кое штотуку роди кралица. Но, се сеќавам и дека мислев оти истото нема никој да го види. Не бев во право“, ја започна својата приказна Џејмисон.
View this post on Instagram
„Сакам другите мајки да знаат дека сме слични. Сите се мачиме. Но, можеме повторно да ја преземеме контролата. Да ја преземеме контролата од општеството кое не тера да мислиме дека телесното враќање во форма мора да биде моментално. Да, ги изгубив вишокот килограми, да, горда сум. Но, многу сум погорда на тоа каква мајка сум“, додаде таа.
View this post on Instagram
Џена ја роди ќеркичката Бател Лу во април, минатата година. Заедно со Лу, Џејмисон ги има и близнаците Џорни и Џеси.