Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Славниот холивудски актер Џејсон Момоа, кој за 2019 година е прогласен за најзгоден актер, во рамки на Самитот за климатски промени во Обединетите Нации одржа говор кој треба да допре до сечија свест и разум. А најмногу до оние кои носат одлуки од таков карактер.
На конференцијата Small Island, одржана на 27. септември Момоа истакна дека светските лидери не прават доволно за борбата против климатските промени , но не ги обвини само нив. Човештвото го нарече ,,болест која ја зарази нашата планета”.
„Со нашата креативност и иновација, ние се искачивме на местото на најмоќните живи суштества на планетата, но нашето его, нашите стравови и нашaтa немилосрднa борба за профит нè прават единствениот вид што ја нарушува природната рамнотежа на нашиот свет. Ние сме живи последици на заборавените традиции. Ние страдаме од колективна амнезија. Ги заборавивме вистините што некогаш ги знаевме и така ќе ја уништиме Земјата и ќе се уништиме “, рече Момоа.
40-годишниот актер, познат и како активист за животна средина, е роден на Хаваите, но израснал во Ајова и во страствениот говор рече дека „зачекорил и во двата света“ и сфатил дека она што е „проблем за едниот од нив наскоро ќе стане проблем и за другиот “. Во својот говор, тој исто така истакна дека штетните ефекти од човековата активност најмногу се гледаат на океаните и дека островите се составени од ѓубре што лежи на површината на Пацификот поголемо од Франција. Тој, исто така додаде дека доведовме до „катастрофална криза со пластично загадување“.
“Целиот екосистем во океаните исчезнува како резултат на затоплување на морињата. Отпадот од целиот свет завршува во нашите води. Ние се соочуваме со уништувачко загадување со пластичен отпад. Ние сме болест што ја зарази планетата. Постојат повеќе пластични честички во океаните отколку sвезди во нашата вселена”, рече тој.
Актерот ги повика најголемите светски корпорации да не ја уништуваат животната средина и ги повика светските лидери да иницираат промена, велејќи дека е крајно време.
„На човечкиот вид му е потребна Земја за да преживее, но немојте да живеете во заблуда: не не сме и потребни на Земјата“, заклучи Момоа.