Славни

Џејми Оливер ги откри причините за банкротот: „Моите ресторани не беа доволно…“

Славниот готвач Џејми Оливер веќе подолго време има финансиски проблеми, а пред неколку месеци прогласи банкрот на ланецот негови брендирани ресторани. Според него, причината за тоа е што неговите ресторани не биле доволно отмени за богати гости.

Претходно Џејми изјави дека Брегзит предизвикал финансиски крах на неговото бизнис царство, бидејќи референдумот за Брегзит предизвикал пад на фунтата, поскап увоз на намирници и поголеми цени за кириите. Вели дека од сопствен џеб издвоил четири милиони фунти и се трудел по просечна цена да создаде пристојна трпеза, но не успеал во намерата бидејќи неговите јадење не биле доволно отмени за богатата клиентела.

„13 години да поминев во отворање отмени ресторани, ве уверувам дека сите тие уште ќе беа отворени и ќе работеа“, изјави Оливер за списанието You.

Причините за неговиот банкрот ги коментираа и голем број корисници на социјалните мрежи.

„Неговата храна не беше отмена, но цените беа“, „Си ги заборавивте корените од работничката класа и тоа вас ве уништи, престанете да се жалите“, беа само некои од коментарите на социјалните платформи.

Advertisements
To Top