Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Една од најголемите светски банки, Џеј Пи Морган Чејс ќе им исплати над 290 милиони долари репарации на жртвите на Џефри Епстин.
Оваа пресуда доаѓа откако судењето, кое траеше повеќе месеци, покажа дека високи функционери во банката со години го игнорирале „сомнителното“ однесување на Епстин бидејќи бил вреден клиент.
Епстин имал сметка во банката од 1998 до 2013, а откако во 2006 беше обвинет за подведување проститутки, а две години подоцна и осуден, неговиот статус во банката не се менувал.
Епстин во 2019 година наводно се обеси во затворската ќелија додека го чекаше судењето за трговија со луѓе.
Во моментот на неговото апсење во јавност излегоа листите на високи државни функционери и славни личности кои биле гости на островот на Епстин, каде наводно се организирале оргии во кои учествувале малолетни лица.