Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Џенифер Лопез е во врска со бившата MLB ѕвезда, Алекс А-Род Родригез, наведуваат извори од People. Пејачката и бившиот бејзбол играч наводно се во врска неколку недели.
„Таа изгледа многу возбудено. Тој помина некое време со нејзиното семејство, на Лопез ѝ се допаѓа што и самиот е татко. Сепак, свесна е дека е женкар и поради тоа е многу внимателна. Засега, тоа е само забава. Таа е слободна и сака да излегува“, вели извор близок на 47-годишната латино дива.
Родригез, кој од Џеј Ло е помлад шест години, неодамна ја прекина едногодишната врска со Ен Војцицки. Претходно беше во врска со Кејт Хадсон и Камерон Дијаз.
Лопез во меѓувреме се раздели со Дрејк, а извори наведуваат дека нивниот однос никогаш не бил официјален. И Лопез и Родригез имаат по две деца од претходните бракови и врски.