Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Славната пејачка и актерка Џенифер Лопез, со разбирање на тежината која за светот ја носи моменталната состојба со коронавирусот, времето го поминува во самоизолација во својот дом, со семејството.
Но, дури и самоизолацијата не ја спречува Џенифер Лопез да остане активна и во тек со своите работни обврски.
Како што открива за списанието „Elle“, таа работи од дома секој ден, чита сценарија, работи на нови проекти и учи нови танцови движења.
„Ако имате доволно среќа да бидете здрави, оваа ситуација може да биде нешто како копче за ресетирање. Искористете го максимумот од ова време, но не заборавајте дека треба да работите и од дома “, рече Џеј.Ло.
Открива дека танцува, тренира и снима видеа за Тикток секој ден со својот син и ќерките кои ја обожаваат кога играат заедно.
Таа се пошегува дека во моментов многу купува преку интернет затоа што секоја нов пар чевли ја поттикнува и ја потсетува дека наскоро ќе дојдат подобри и посреќни денови.