Џеј Ло наполни 50 години – на подарок доби луксузен Porsche


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Славната латино дива Џенифер Лопез во 50-те години од животот влезе со стил и гламур. Роденденската забава беше одржана на островот Стар Ајланд, во Мајами, а ја одбележаа екстравагантни подароци, златни украси и Версаче фустан.

На роденденската забава по повод 50. роденден од Џеј Ло присуствуваа 250 гости. Популарната пејачка и актерка за оваа пригода носеше „златен“ фустан потпишан од модната куќа Версаче. Како што пренесува TMZ, Лопез на забавата пристигнала во црвен Porsche 911 GT3 вреден околу 140.000 долари – подарок од нејзиниот вереник Алекс Родригез.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alex Rodriguez (@arod) on

Алекс на неговиот Инстаграм профил сподели дел од роденденската атмосфера со луда и незаборавна забава. Родригрез ја почести својата вереница и со емотивно кратко видео кое ги содржи сите нивни поважни заеднички моменти.