Џеј Ло наградена со „модниот Оскар“ на модните награди CFDA 2019


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Славната латино музичка и актерска ѕвезда, Џенифер Лопез, и нејзиниот партнер Алекс Родригез заедно беа гости на фестивалот на модата CFDA 2019 во Њујорк.

Џенифер Лопез и Алекс Родригез изгледаа одлично како пар надополнувајќи се со модните избори на црвениот тепих од модниот фестивал во Њујорк. Лопез беше прогласена за модна икона, а тоа го потврди и со прекрасниот црвен фустан со 43.000 кристали.

Фустанот на Ралф Лорен од два дела ги истакнуваше одлично извајаните стомачни мускули, со кое Џенифер (49) може да се натпреварува со далеку помладите колешки.

Советот на модните дизајнери на САД и ја додели оваа награда на Џенифер Лопез за долгогодишното и глобално влијание врз модата. Претходните години добитници на оваа награда биле Наоми Кембел, Бијонсе, Џони Деп и Ријана.