Џеј Ло и Шакира приредија спектакл, но малата им го „украде“ шоуто


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Според сите медиумски проценки и јавно мислење на публиката, Џенифер Лопез и Шакира направија шоу за паметење на „Супербоул 2020“ подобро и од она на Бијонсе.

Но, она што никој не го очекуваше е дека после нивниот настап ќе се зборува многу повеќе за 11-годишната ќерка на Џеј Ло, Емe Марибел Муњиз.

Малото девојче се појави на сцената на Супербоул и ја отпеа „Let’s Get Loud “, а со својот талент го украде шоуто.

„Ема ќе настапи како симбол на американскиот сон“, изјавил извор за „ Page Six“ пред шоуто.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) on

Таткото на Ема, Марк Ентони, упати јавни честитки до својата ќерка и не го криеше своето воодушевување од настапот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marc Anthony (@marcanthony) on

„Ем, тато е многу горд на тебе. Ти си моето срце и јас сум засекогаш твој”, напиша тој на Инстаграм.

Ема има неколку минути помлад брат близнак Макс, а во еден клип објавен од Лопез, таа раскажа како открила дека носи близнаци.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) on

„Лекарот ме праша:” Дали го гледате ова, ова мало зрно ориз? Тоа е бебе. Го гледате ова друго зрно ориз? Тоа е второто бебе “. Бев изненадена, почнав хистерично да се смеам, не можев да поверувам. Така открив дека носам близнаци“, рече таа.