Џефри Раш невин по обвинението за недолично однесување – доби и високо обештетување


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Оскаровецот Џефри Раш беше прогласен за невин во рамки на судскиот спор кој се водеше помеѓу него и „Дејли Телеграф“, весникот кој напиша серија статии за негово наводно недолично однесување кон колешка од претставата „Кралот Лир“. Раш доби и 609.000 долари обештетување во рамки на пресудата која ја изрече судот.

67-годишниот Раш го тужеше „Дејли Телеграф“ поради серијата текстови во кои пишуваа дека имало поплаки од него за време на подготовката на претставата во 2015 година. Во еден од нив се наведува дека актерка , која играла споредна улога се пожалила на недоличното однесување на Оскаровецот.

,,Тоа беше сензационалистички текст од најлош вид.” , рече судијата Мајкл Вигни во преполната сала на судот во Сиднеј. Раш , кој доби Оскар во 1997 за улогата во филмот ,,Сјај” , рече дека бил прикажан како перверзен лик , а неговиот адвокат поднесе барање за обештетување.

,,Во овој случај нема победник. Беше многу стресно за сите вклучени страни.” , им изјави Раш на новинарите.