Џастин Тимберлејк и Миси Елиот докторираа на престижниот „Беркли“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Џастин Тимберлејк и Миси Елиот се стекнаа со своите музички докторати на престижниот колеџ „Беркли“, а свечената церемонија на доделувањето на дипломите беше одржана во седиштето на оваа реномирана музичка установа во Бостон.

Откако им беа доделени почесните докторати од музика, славниот Тимберлејк и рап-кралицата Елиот уживаа во славеничкиот викенд со персоналот и студентите од Беркли.

Тимберлејк за време на неговиот говор ја забавуваше публиката со шеги и вицови, но младите колеги ги почести и со корисни совети.

„Вам ве дефинира она кое вие го дефинирате како неуспех. Сето тоа е дел од патувањето“, им порача Џастин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Justin Timberlake (@justintimberlake) on

Тој на социјалните мрежи објави фотографија со дипломата во рака и порака: „Не постојат преголеми соништа. Продолжете да ги бркате нив. Верувајте ми, сега сум доктор…вистински“.

Елиот не можеше да ги сокрие солзите пред да ги сподели нејзините зборови со апсолвентите на „Беркли“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Missy Elliott (@missymisdemeanorelliott) on

„Не знам ни како стојам овде, но фала ви на сите вас, фала му на Бога. Сакам само да знаете дека секогаш ќе има подеми и падови. Подгответе се за тоа, но не се откажувајте. Да се откажев јас, сега немаше да бидам овде каде што сум. Стигнавте предалеку за да се откажете“, им порача Елиот.