Џанмарко Негри е првиот трансродов градоначалник во Италија


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Мало гратче лоцирано јужно од Милано го доби првиот трансродов градоначалник во Италија, откако гласачите го избраа Џанмарко Негри за прв човек на градот.

Овој 40-годишен адвокат е избран за градоначалник на Тромело, град со 3.700 жители, со 37.5% од гласовите.

Овој левичарски кандидат лесно го победи кандидатот на десничарската Лига, кој заврши на второ место со 26 отсто од гласовите.

Победата е особено впечатлива, бидејќи истовремено се гласаше за Европскиот парламент каде Лига освои 53 отсто, додека Демократската партија на левиот центар освои само 16 отсто од гласовите.

Негри, активист за трансродови права, ја водеше кампањата под слоганот „CambiaMenti per Tromello“, што може да има две значење – „Промена за Тромело“ или „Промена на свеста за Тромело“.