Џамбо Агушев го претстави својот нов проект „Taksim Dream”


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонскиот крал на трубата Џамбо Агушев често ја изненадува својата публика и фановите. Од Лондон до Истанбул, тој постојано остварува нови значајни соработки и музички експерименти кои го пренесуваат неговиот неверојатен музички стил и секогаш позитивни чувства.

Овој пат, Џамбо и неговиот оркестар ни го претставуваат својот нов брилијантен проект насловен Taksim Dream во кој како соработник и специјален гостин учествува и легендарниот турски кларинетист Хусну Шенлендиричи.

Оваа соработка дојде на многу спонтан начин. Минатото лето, додека оркестарот на Џамбо престојуваше на прекрасниот грчки остров Санторини, Џамбо реши да ја обработи песната на Хусну – Naz, посветена на неговата ќерка.

Нешто подоцна пак, патиштата на двајцата музичари се вкрстија повторно кога Џамбо отпатува во Истанбул како гостин на новиот проект на Меркан Деде. Таму, тој имаше прилика да се запознае и соработува со синовите на Хусну, но и да ја претстави неговата нова композиција Taksim dream.<

Песната многу му се допадна на Хусну и тој со задоволство прифати истата да ја сними заедно со Џамбо и неговиот оркестар. Резултатот од нивната експлозивна енергија и креативност беше неверојатен, а двајцата артисти размислуваат да ја продолжат соработката и со идни проекти. Проектот Taksim Dream воедно ќе биде промовиран и на една од најгледаните телевизии во светот Би-би-си во Лондон.