Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Претседателот на Собранието Талат Џафери за понеделник закажа координација меѓу претставниците на сите парламентарни партии, на која би се разговарало за начинот на кој би се решил проблемот со истекувањето на мандатите на локалните власти.
Ако биде постигнат партиски договор околу датумот на локалните избори, тогаш истиот ден можно ќе биде и одржување на собраниска седница за измени на законите за продолжување на рокот на надлежностите на градоначалниците.
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски во петокот на прес конференција рече дека за нив се прифатливи јули, септември и октомври за локални избори, додека од СДСМ реагираа и му порачаа на Милошоски да не лицитира со датуми како да е тоа лото.