Џафери ќе сведочи во случајот со обидот за убиство на Села


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Собранискиот претседател Талат Џафери, министерот Дамјан Манчевски и пратеникот Александар Кирацовски се сведоците кои денес треба да сведочат во рамки на судското рочиште за случајот обидот за убиството на пратеникот Зијадин Села.

Тие беа присутни во прес-салата каде што се случи крвавиот настан на 27 април, минатата година во Собранието.

Пред судoт досега за крвавиот четврток во Собранието сведочеа неколкумина сведоци, меѓу кои и Села, а на последното рочиште новинарка препозна неколкумина од напаѓачите, посочувајќи ги директно во судницата.

За овој случај обвинети се Оливер Ошавковски, Сашо Сенков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски-Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов, Стојан Павлески-Кобра, Кире Ѓоргиевски и Цене Ѓоргиевски.