Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Првиот човек на македонското Собрание, претседателот Талат Џафери изјави дека францускиот предлог ќе оди директно на пленарна седница, но сѐ уште не знае кога точно ќе се најде пред пратениците.
По координацијата со координаторите на пратеничките групи во Собранието, Кабинетот на Џафери соопшти дека не постои деловничка одбредба која му овозможува на претседателот да го врати францускиот предлог до Владата.
„По однос на точката Информација за содржината на предлог-преговарачката рамка и дискусијата која што се разви по однос на оваа точка, претседателот нагласи дека согласно член 185 од Деловникот на Собранието, претседателот ја доставува Информацијата до пратениците во форма во која што е добиена и нема надлежност да навлегува во нејзината содржина. Во исто време, нема деловничка одредба која што му овозможува на претседателот да ја врати информацијата до предлагачот. Според процедурата, Информацијата која што е на дневен ред на пленарна седница, се усвојува со донесување на Заклучоци по однос на Информацијата“, велат од Кабинетот на Џафери.
На координацијата присуствувал и вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ кој рекол дека ќе ги пренесе ставовите на опозицијата до Владата и Информацијата да се дополни со материјалите коишто се јавно достапни.
На координацијата присуствуваа потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, координаторите на пратеничките групи на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Мицевски; на СДСМ, Јован Митревски; на ДУИ, Арбер Адеми и на Алијанса на Албанците, Илире Даути, како и претставниците на политичките партии БЕСА, Алтернатива и Левица.
За денес е закажана пленарна седница со една точка на дневен ред, Ребаланс на Буџетот, за која што расправата ќе трае до 5 дена.