Џабе им се милионите: Тевез побегна од Кина


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Аргнетинскиот фудбалер Карлос Тевез одлучи да го раскине богатиот договор со кинескиот клуб Шангај Шехуа.

Иако изминатата година дена беше еден од најплатените фудбалери на светот со неделан плата од 700.000 евра, Тевез не можеше да се навикне на животот во Кина и одлучи да побара раскина на договорот.

Раководството на кинескиот тим не правеше проблеми, па двете страни потпишаа спогодбено раскинување на соработката.

33-годишниот напаѓач нема долго да чека за да си најде нов тим. Имено, тој повторно ќе го облече дресот на Бока Јуниорс, каде најверојатно ќе ја заврши богатата кариера.

Тевез не се прослави во Кина и постигна само 4 гола на 20 натпревари, но својот престој во оваа земја добро го наплати и за една година заработи 35 милиони евра.