Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Телохранителот на Бела Хадид со својот изглед доминира каде и да се појави покрај славната убавица, а покрај освоените позитивни критики, ги освои и женските срца.
Стоејќи до Бела Хадид не можеше да не се забележи сенката со кој тој ја обвива, влегувајќи во центарот на вниманието наместо неа кога се појави со неа на лондонската модна недела.
Со својата светло зелена јакна, темно плава маичка и фармерки на кои дополнително неверојатен изглед им даде црниот ремен со мала, но забележлива тока можеше да се каже дека е сон на секоја девојка.
Ова не е прв пат синоокиот убавец да привлече лавина погледи кон себе. Блицевите од папараците беа свртени кон нивниот омилен модел и во април годинава кога неговиот неодолоив аутфит беше составен од темни црни панталони, бондајско сина блуза и долго карирано палто.