Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
За да може непречено да оди, без да се сопнува на сопствената коса, 17-годишната Индијка Ниланши Пател мора да носи високи потпетици.
Пател ја бранеше титулата тинејџерка со најдолга коса на светот, а оваа година таа го урна и сопствениот рекорд кој изнесува 190 центиметри.
View this post on Instagram
Девојката од градот Модасе во Индиската држава Гујарат во 2019 повторно добила сертификат од Гинисовата книга на рекорди, со тоа што го подобрила резултатот од декември 2018, кога нејзината коса била долга 170,5 центиметри.
Пријателите и школските другари ја нарекуваат Матовилка, по принцезата со долга коса од бајката на браќата Грим. Ниланши Пател може да се пофали дека 11 години не видела фризер.
Gujarat:17-yr-old Nilanshi Patel,resident of Aravalli, breaks her own Guinness World Records in ‘longest hair on a teenager’ category with 190 cm hair. In 2018, her hair was measured at 170.5 cm.”Wherever I go,people want to click selfie with me.I feel like a celebrity,”she says. pic.twitter.com/9s2XH3nfwC
— ANI (@ANI) 15. Januar 2020
„Кога имав шест години, доживеав многу лошо искуство во локален фризерски салон. Од тогаш одбивав да ја скратам косата. Моите родители го почитуваа мојот избор и сега косата ми носи среќа“, објаснила Пател.
Најчесто косата ја прави во плетенка а проблеми има единствено кога плива, признава Ниланши која сака да стане инженер.