Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
40-тина килограми тешката студентка од Турција, Черен Јилмаз, го соборила рекордот во брзо јадење шиш ќебапи на еден ресторан во Анталија успевајќи да изеде 255 шишќебапи за само 23 минути.
Јилмаз испила три чаши ајран, две шишиња вода, а јадела и салата при поставувањето на рекордот. Вкупно 21 студент се натпреварувале во јадењето шиш ќебапи, а Јилмаз за победата добила мобилен телефон и златен накит вреден 55 евра, како и право бесплатно да јаде во ресторанот во следните четири месеци.
Студентката изјавила дека се пријавила на натпреварот за да им покаже на сите што ја исмевале за недостигот на килограми.
„Тежев 47 килограми по натпреварот. Се здебелив за половина час“, изјави таа. Досегашниот рекорд го држела Бурса Канимогла, со 194 шиш ќебапи изедени за 18 минути.
Сопственикот на ресторанот Илијас Демир вели дека следниот натпревар ќе биде за мажи, од кои ќе се бара да изедат над 300 шиш ќебапи.