Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Полицијата од Умаг примила пријава од 27-годишна девојка која тврди дека е измамена за неколку стотини куни.
На 17 јануари, откако дознала дека нејзиното уплатено ливче во обложувалница е добитно, девојката на социјалните мрежи објавила фотографија од добитниот тикет. Кога отишла да си ги подигне парите во обложувалницата, добила известување дека не може да го направи тоа бидејќи некој веќе ја подигнал добивката од тој тикет пред неа.
Полицијата од Умаг сега трага по непознатиот сторител, а полициската управа ги предупредува граѓаните да бидат внимателни со информациите кои ги споделуваат и фотографиите кои ги објавуваат на социјалните мрежи. Очигледно, не е баш паметно на „социјалата“ да се фалите со добитните ливчиња од спортското кладење.
Полициските служби предупредуваат дека во ваков случај, сторителот на кривичното дело преку компјутер може да влези на интернет страницата од обложувалницата, да го впише бројот на вашето добитно ливче и кодот и на својата корисничка сметка да си ја исплати добивката.