Девојче освои три златни медали во трчање со „Најки патики кои сама си ги направи“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


12- годишна атлетичарка Реа Булос од Филипини направи импресивен потфат освојувајќи три златни медали притоа носејќи ,,Најки патики кои сама си ги направи“.

Реа Булос ги направила патиките од фластери на нозете, а нејзината приказна и потфат брзо станаа вирални на социјалните мрежи.

Булос во своите „патики” доминираше Iloilo Schools Sports Council Meet, каде освои три златни медали. Таа беше прва во трките на 400 метри, 800 метри и 1.500 метри.

Фотографиите од нејзините нозе и „Nike running shoes“ брзо се раширија низ социјалните мрежи и стигнаа до селекторот на професионалниот тим на Филипините.

Џеф Каријасо, тренер на кошаркарскиот тим на Алјаска Ајс, објави на Твитер за девојчето и ги замоли своите следбеници да му дадат контакт со младата атлетичарка.

За помалку од два часа, Каријасо ги доби деталите што ги бараше и ја контактираше Реа и нејзиниот тим, а многу други на социјалните мрежи изразија желба да и помогнат на девојчето.