Home Актуелно Девизните резерви намалени во ноември – НБРМ вели дека е поради раздолжувања со странство

Девизните резерви намалени во ноември – НБРМ вели дека е поради раздолжувања со странство

Нивото на државни девизни резерви во ноември изнесува 2.551,4 милијарди евра и се намалени за 177,6 милиони евра во однос на октомври, кога изнесувале 2.729 милијарди евра, покажуваат најновите податоци на Народна банка.

Вредноста на девизните резерви во ноември првпат падна по четиримесечен континуиран пораст. Во ноември е забележан и пад кај вредноста на монетарното злато за 9,7 милиони евра, кое достигна вредност од 248,3 милиони евра.

Намалувањето на девизните резерви во најголем дел е резултат на раздолжувањето на Република Македонија кон меѓународните кредитори и намалување на севкупниот долг на Република Македонија, нешто што веќе беше најавено и од Министерството за финансии, соопшти Народната банка откако во јавноста беа пласирани информации за намалуваљњ на децзните резерви во ноември во однос на претходниот месец.

Од НБРМ додаваат и дека дополнително, бече вратени достасани девизни депозити на домашните деловни банки пласирани во Народната банка во периодот од мај 2016 година наваму.

Станува збор за планирани активности, при што девизните резерви остануваат на солидно високо ниво од над 2,55 милијарди евра, или 349 милиони евра повеќе од состојбата пред една година, се наведува во соопштението на НБРМ.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…